Одберете ги производите што сакате да ги купите, така што ќе ги додадете во кошничката. Кога ќе го завршите изборот на производи, прегледајте ја кошничката и потоа кликнете на “Нарачај “. Пополнете го формуларот за информации и кликнете на копчето “Понатака”.
За крај проверете ја уште еднаш и потврдете ја вашата нарачка.
Доколку имате проблем при купување, можете да ни пишете меил или да ги контактирате колегите од корисничка поддршка.
За повеќе информации и нарачки, достапни сме 24/7 на социјалните мрежи Facebook & Instagram.
За да ja креирате вашата нарачка на производи, потребни се основни информации (име, презиме, адреса, град, телефонски број и меил адреса) како би можеле да бидете контактирани за да ви се достават производите.
Кошничка ви овозможува да купувате по истиот принцип како со вистинска кошничка во продавница. Кошничката служи да ги одберете производите кои сакате да ги купите. Додека ги гледате производите на страната, можете да ги ставате во кошничката со клик на копчето во “кошничка“. На тој начин одбраните производи ке бидат запамтени додека разгледувате и други производи на страната. Додавањето на производ во кошничката не ве обврзува дека треба да гo купите, затоа што постои опција за да се тргнат одредени производи од неа. Во секој момент можете да ја прегледате вашата кошничка во горниот десен агол на веб страната.
Доколку го знаете името на производот, најлесно и најбрзо ќе го пронајдете со пишување на името на производот во полето за пребарување, најгоре на веб страната.
Исто така, производите можете да ги пребарувате според нивната категорија, во менито производи. Доколку барате фотелја, може да ја пронајдете ако кај менито производи кликнете на “Фотелји”.
Времето на достава во сите случави зависи од достапноста на производот на залиха. Доколку го има на залиха, времето на испорака е од 2 до 3 работни дена. Со исклучок на одредени производи за кои е потребна претходна нарачка, резервација или време на изработка. Во тој случај, при направена нарачка, добивате информација за колку време би го добиле нарачаниот производ.
Цената за достава на производите ја одредува наш надворешен соработник кој ја врши доставата, според големината и тежината на пакетот. По креирање на вашата нарачка, ќе бидете контактирани од колегите од корисничка поддршка за повеќе информации ( потврда на нарачка, време и цена на достава).
За секој нарачан производ, плаќањето можете да го извршите во готовина при достава на адреса, преку фактура и директна уплата на жироо сметка.
За одредени производи, потребна е авансна уплата на 50% од вкупниот износ на производите, како гаранција дека вашата нарачка нема да биде откажана после одреден временски период.
Најбрзо и најлесно да проверете до каде е вашата пратка е да го контактирате нашите колеги од корисничка поддршка, за да ве информираат дали е испратена вашата пратка и за колку време ќе се достави.
Доколку има задоцнување, ќе не информирате и ние ќе го провериме статусот со надворешниот соработник кој ја врши доставата.
Може, со испраќање на официјален меил или да ги информирате колегите во корисничка поддршка.
Може, со испраќање на официјален меил или да ги информирате колегите во корисничка поддршка кои производи сакате да ги додадете во нарачката.
Доколку претходната нарачка е испратена, новите производи ќе бидат испратени со нова достава.
Доколку има задоцнување од претходно потврденото време за достава, ќе ги информирате колегите од корисничка поддршка и ќе го проверат статусот на вашата пратка со надворешниот соработник кој ја врши доставата.
Моментално нашиот тим работи онлајн и сите производи се продаваат преку нашата веб страна и се доставуваат на адреса, односно немаме склад од каде што можете да ги подигнувате производите.
Испратете ни порака или контактирајте не на телефонските броеви за сите прашања, нарачка на производи или резервација на услуга.
Отворени сме за соработка доколку сакате да промовирате некои производи и услуги кои ќе се продаваат преку нас.
Корисничка поддршка достапна 24/7 за сите информации кои ги имате поврзано со нашите производи и услуги.
Онлајн продажбата е активна 24/7, работиме континуирано, се со цел да сме активни со нова понуда за ВАС.